Стратешко застапување во сложени кривични постапки, засновано на детална анализа на фактите, докажите и применливото право.
Вашите информации се секогаш заштитени и доверливи.
Секој случај се темели на фактите, докажите и правото.
Стратегија прилагодена на вашата конкретна ситуација.
Правна помош при постапување на полиција, јавно обвинителство и други надлежни органи.
Стручно застапување на сите фази на постапката.
Подготовка на стратегија и застапување пред надлежните судови.
Застапување во постапки за притвор и други мерки за обезбедување присуство.
Анализа на материјал, оспорување на вештачења и прибавување дополнителни докази.
Подготовка и поднесување редовни и вонредни правни лекови.
Заштита на право во секоја фаза од постапката.

Посветена на кривичното право и заштитата на правата на моите клиенти. Мојот пристап е темелен на детална анализа на фактите и докажите, внимателно изградена стратегија и доследна застапеност во секоја фаза од постапката.
Верувам во професионалност, јасна комуникација и почитување на правото на фер судење, бидејќи секој човек има право на квалитетна одбрана.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ →Силна одбрана гради поправедно општество.
Јасна стратегија.
Навремени информации.
Доследна поддршка.

Прецизна анализа на правната квалификација на делото.

Разграничување на умисла и небрежност и нивното значење во постапката.

Оспорување на вештачења и критичка анализа на докажите.

Барање замена на притвор со гаранција или други мерки.

Заштита од незаконити дејствија и повреда на процесните права.
Имате право на адвокат од самиот почеток. Препорачливо е да не давате искази без присуство на адвокат. Пред било какво постапување, контактирајте ме за совет и подготовка.
Судот определува притвор кога постојат законски основи за тоа, а како алтернатива може да се предложат гаранција, забрана за напуштање на живеалиштето или други мерки за обезбедување присуство.
Одбраната може да укаже на неправилната квалификација преку приговори и правни лекови во текот на постапката, поткрепени со детална правна анализа.
Спојување или раздвојување се бара кога тоа е во интерес на ефикасноста на постапката или на правата на осомничениот, а одлуката е во надлежност на судот.
Да, во соодветни случаи притворот може да биде заменет со гаранција или друга мерка за обезбедување присуство, доколку целта на постапката може да се постигне на тој начин.
Умислата подразбира свесно и волно сторување на делото, додека небрежноста значи дека сторителот не сакал, но можел и требало да ги предвиди штетните последици. Разликата е клучна бидејќи влијае на правната квалификација и висината на казната.
Вештачењето се оспорува преку писмени приговори и барање за дополнително или ново вештачење. Одбраната има право да поставува прашања на вештото лице во текот на постапката.
Одбраната може да предложи сведоци, документи и вештачења. Доказ е спорен кога е прибавен спротивно на закон или кога неговата веродостојност може основано да се доведе во прашање.
Имате право да бидете известени за причините, право на адвокат, право на молчење и право на известување на блиско лице за лишувањето од слобода.
Адвокатот обезбедува правна заштита од самиот почеток, ги советува клиентите за нивните права и превентивно делува за да се спречат повреди на процесните права.
Закажете состанок и добијте јасни одговори.
Вашите права се важни.